Филипче: Заразените со коронавирус ќе се лекуваат и во болницата „8-ми Септември“ (ВИДЕО)

Направивме план и за ставање на овие пациенти со коронавирус во Болницата „8-ми Септември“, го утврдиме текот на движење на пацинетите при прием.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за новозаболените шест пациенти со коронавирусот, како и за здравствената состојбата на пациентите кои се лекуваат на Инфективната Клиника.

Дијагностицирани се 6 нови пациенти заразени со новиот коронавирус, а со тоа бројката на заболени се искачи на 48, рече Филипче.

– Во Штип го имаме првиот случај на заразен со коронавирусот. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. На Инфективна девојчето е сместено со мајката, ќе се земат дополнителни брисови од лицата кои биле во контакт со ова семејство, земени се брисеви на родителите и бабата на девојчето- рече Филипче.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, рече Филипче, тестовите се направени во рамките на скринингот.

– Во Скопје е регистриран еден случај, контакт на претходно дијагностицираните.Уште еден случај е потврден се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, сите членови се контактирани- рече Филипче.

– Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите. Сите пациенти се стабилни, како на Инфективна така и во Дебар, пациентката која е на машина нема влошување на состојбата. Денеска е направена домашна визита, кај сите кои се во самоизолација, како и за текто на лекувањето- рече Филипче.

Направивме план и за ставање на овие пациенти со коронавирус во Болницата „8-ми Септември“, го утврдиме текот на движење на пациентите при прием.

– Со ова ги обезбедуваме пациентите, таму има 22 кревети и 22 машини за дишење, за да не шетаат по други болници- рече Филипче.

Веќе се работи планот на посебни пунктови во рамките на здравствениот дом во Скопје, за што ќе известам следните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот