ФИФА претера, сака Мундијалите да се играат на секои две години

И политиката се вмеша во фудбалот/ фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

На денешниот 71. конгрес на ФИФА главна вест е усвојувањето на предлогот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија да се разгледа можност светските првенства наместо на секои четири, да се играат на секое две години. Овој предлот доби поддршка од 166 гласа, наспротив 22 кои беа против оваа одеја.
– Ова е пресуден момент за иднината на фудбалот. Проблемите со кои фудбалот со соочува се сè поголеми, а пандемијата на коронавирусот сами ја влоши ситуацијата. Време е да ги разгледаме најдобрите можности за иднината на фудбалот – изјави Јасер ал Мисехал, претседател на фудбалската федерација на Саудиска Арабија.

Главна причина за усвојување на овој предлот е желбата на ФИФА за заработка. ФИФА од секое светско првенство заработува околу четири милијарди само од ТВ правата, па не чуди тоа што предлогот на Саудиска Арабија беше усвоен со големо мнозинство гласови.
Згора на тоа, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја повтори својата намера за одрќување на светско клупско првенство со 24 екипи која само дополнително ќе оди на штета на фудбалерите кои така би имале се помалку време за одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот