ФИФА, фудбалерите и клубовите пред договор, платите се намалуваат за 50 проценти

Пандемијата на коронавирусот целосно ја запре економијата на многу држави низ светот, а ниту фудбалот не е изоставен од ова. Речиси сите фудбалски лиги во целиот свет се суспендирани до крајот на април, а тоа значи огромни загуби за екипите од ТВ правата, влезниците и продажбата на сувенири.

Поради тоа челниците на ФИФА, заедно со клубовите и унијата на професионални играчи работат на пронаоѓање решенија со кои би се намалиле загубите, а едно од првите е кратењето на платите.

Тоа сценарио веќе се случува, екипите од Премиер лигата донесоа одлука на фудбалерите да им исплаќаат 50 проценти помали плати се додека трае паузата поради коронавирусот, а тој тренд ќе го следат и останатите лиги.

Токму тоа е и апелот на првиот човек на ФИФА, Џани Инафантино по тричасовниот состанок со своите соработници со унијата на фудбалски екипи (ЕЦА) и со унијата на професионалните фудбалери (ФИФПро).

Сите три страни се согласија дека е неопходно итно да се прилагодат да новонастанатата состојба, да се воведат поригорозни мерки на штедење, а последниот предлог кој се очекува во најскоро време да биде усвоен е платите на фудбалерите да се намалат за половина.

Со тоа голем дел од екипите би се спасиле од неизбежен банкрот доколку не дојде до договор, а фудбалерите би почнале да ги добиваат целите плати кога ќе започне да се игра фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот