ФИБА му ја симна суспензијата на Работнички и веднаш договори две засилувања

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја симна суспензијата на Работнички откако македонскиот шампион го плати долгон кон екс-кошаркарот Дарко Чохрадерич. Со одлуката на ФИБА, македонскиот тим ќе може да ангажира странски кошаркари до завршување на преодниот рок кој трае до петти април и осетно засилен да ја продолжи сезоната.

Во досегашниот дел од сезоната единствен странец беше Бугаринот Чавдар Костов кој беше и МВП на минатата сезона. Тренерот на Работнички Марин Докузовски веќе има неколку имиња со кои ќе атакува на трофеите во Купот на Македонија и во шампионатот.

Работнички веднаш ангажира двајца кошаркари, бекот Стефан Младеновиќ кој во Градски парк доаѓа од екипата на Охрид и американскиот кошаркар Ксавиер Џонсон. Џонсон доаѓа од екипата на Тексас леџендс од развојната НБА Г-лига. Станува збор за 201 сантиметар висок кошаркар кој настапува на крилните позиции и треба да претставува замена за македонскиот репрезентативец Кирил Николовски кој поради повреда предвреме ја заврши сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот