Фернандеш го прави тоа што му беше задача на Погба

фото: твитер

Поранешниот француски репрезентативец и играч на Арсенал, Емануел Пети, упати остри критики кон ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Пети смета дека Јунајтед направи вистински потег со ангажманот на Бруно Фернандеш во зимскиот преоден рок, кој успеа да ги пополни дупките во играта на „црвените ѓаволи“.

Фернандеш има големо влијание на играта на Јунајтед, тој веднаш стави свој печат. За само два месеци, тој стана најдобро засилувње од зимскиот преоден рок. Неговото влијание на играта е како да е дел од овој тим веќе шест години, успеа дури да го смени и менталитетот во соблекувалната.

Погба беше предодреден за ова што сега го прави Фернандеш. Тука пред се мислам на лидерската улога на теренот. Сепак, сакам да ги видам како би функционирале Погба и Фернандеш заедно на теренот – изјави Пети.

Португалецот во јануари пристигна на „Олд трафорд“ и веднаш стана лидер на екипата, на девет натпревари постигна три гола и имаше четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот