Фердинанд: Развивме само еден играч на Манчестер јунајтед во последните 10 години

Рио Фердинанд со пофалби само за Бруно Фернандеш/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Екс членот на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд вели дека „црвените ѓаволи“ развиле само еден фудбалер во последните 10 години, а освен Бруно Фернандеш вели дека сите други играчи кои дошле да го засилат овој клуб останале на исто ниво или испаднаа од форма.

Тој уште еднаш го критикуваше својот поранешен клуб, велејќи дека Јунајтед моментно нема култура во сите структури, што би создало култ кон клубот, што секако има големо влијание врз тимот, навивачите и на крајот на резултатот и атмосферата околу клубот.

Фердинанд изјави дека играчите кои клубот ги носи како засилувања не можат да останат на нивото на кое биле, но дека сите мора постепено да напредуваат за да стигнат до врвната форма, а со тоа и нивото на игра.

– Можете да купите три или четири играчи во еден преоден рок. Но, доколку продолжат да работат на ист начин, квалитетот на тие играчи ќе почне да паѓа, наместо да се подобрува, а исто така и квалитетот на тимот. Тоа треба да се промени.

Кога ќе ги погледнете играчите кои дојдоа во Манчестер Јунајтед во последните осум или 10 години, не можете, а да не се запрашате кој од нив всушност стана подобар играч и чија вредност се зголеми? Само Бруно Фернандеш – рече Фердинанд.

Левандовски заврши со Баерн, ги известил челниците на клубот дека на лето оди во Барселона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот