„Ферари“ во добивка, очекува милијарди евра приход

Италијанската компанија, која на свиоте вработени им даваше целосна плата и во време кога беше затворена поради мерките за сптечување на ширењето на корона вирусот, оствари продажба од 571 милион евра, што е многу близу до првичната проценка од 574,4 милиони за вториот квартал годинава.

Производителот на автомобили „Ферари“ ги ревидираше овогодишните приходи и истите се проценува дека ќе изнесуваат од 1,075 до 1,125 милијарди евра.

Новите очекувања се во согласност со прогнозите кои беа проектирани во мај кога на оваа компанија и беа предвидени приходи од 1,05 до 1,2 милијарди евра, пренесува „Блумберг“.

Одлуката на производителите на луксузни автомобили да го прилагодат асортиманот покажа дека дури и некои од најзначајните светски брендови чувствуваат притисок поради пандемијата од корона вирусот.

Компанијата „Ферари“ која е под контрола на компаниите на фамилијата Ањели, Екор НВ, уверена е дека во втората половина од годината, благодарение на зголемениот број нарачки, ќе успее да ги надомести парите, во моментов котира пред компанијата „Тесла“, и е една од ретките компании на автомобили чии акции оваа година пораснаа.

Италијанската компанија, која на свиоте вработени им даваше целосна плата и во време кога беше затворена поради мерките за сптечување на ширењето на корона вирусот, оствари продажба од 571 милион евра, што е многу близу до првичната проценка од 574,4 милиони за вториот квартал годинава.

Нето приходот изнесува девет милиони евра, што пак е речиси девет пати поголем од 2,3 милиони колку што предвидуваа аналитичарите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот