Федерер: Ми одговараат експресни победи

twitter/#AusOpen

Швајцарецот без многу мака во три сета го победи Филип Крајиновиќ во второто коло на Австралија Опен.

Рожер Федерер утринава оствари релативно лесна победа над младиот српски тенисер на кого му дозволи да освои само шест гемови за 92 минути игра. Претходно во првото коло, Федерер на теренот помина 84 минути против Џонсон кого исто така го совлада во три сета.

– Во оваа фаза од мојата кариера сакам да на ваков начин да доаѓам до победите бидејќи така ги чувам силите за подоцнежните фази од грен слем турнирите каде не очекуваат тешки натпревари. Иако пред почетокот на турнирот изјавив дека немам преголеми очекувања, задоволен сум како одиграв во првите две кола – изјави Федерер.

twitter/#AusOpen

Слично размислување како и Федерер, има и бранителот на трофејот, Новак Ѓоковиќ, кој смета дека мора рационално да се игра на грен слем турнирите кои траат по две недели, додека Мастерс турнирите се играат во една недела.

– Секогаш се фокусирам на својата игра и тоа што треба да го направам за да победам, но исто така го почитувам секој противник за кого посветувам максимално внимание. Така се однесувам и кон грен слем турнирите бидејќи тие знаат да ги „исцедат“ тенисерите доколку нерационално ја трошат енергијата, посебно на работи надвор од теренот – изјави Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот