Фаучи се најде на листата на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на Тајмс

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Епидемиологот д-р Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни заболувања на САД, е во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на американскиот неделник „Тајм”. 

-Кога пандемијата ја покажа главата, Фаучи беше меѓу првите кои исчекорија со факти и само факти. Тој не ги витка во обланда своите зборови и одбива да биде под притисок на политичарите. Ја кажува вистината, колку и да е тешка за слушање, искрено и со една цел – да спаси животи, пишува Џими Кимел, комичар и водител, во својта посвета за Фаучи.

13 вредни совети од доктор Фаучи како да ја избегнете заразата со ковид-19

Додава дека со неговата храброст и одважност ја заработил довербата кај Американците.  

– Сите ние сме среќни што имаме човек со таква мудрост, искуство и интегритет, да ни помогне да пловиме во овие бурни води.  

Во списокот на Тајм, 100 највлијателни луѓе во 2020 година, се наоѓаат и поп-ѕвездите Меган Ти Сталион, Халси и групата „Д Викнд”,  

Во списокот се и оние кои одиграа клучна улога во борбата против коронавирусот на глобално ниво. Камила Рот, специјалист за инфективни заболувања од Минхен, која беше една првите кои забележаа дека коронавирусот се пренесува и од луѓе без симптоми. Потоа, Лора Гарнер, инжинер по информациски технологии која го изработи веб панелот за статистика на коронавирусот на универзитетот „Џон Хопкинс”, како и Ши Женгли, познат кинески вирусолог кој уште во 2015 година предвидел дека коронавирусот може да се прошири од лилјаци на луѓе и да предизвика хаос. 

На листата се и претседателот Доналд Трамп, спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси и претседателскиот кандидат Џо Бајден

Главниот американски епидемиолог ги препорачува овие два витамини за зајакнување на имунитетот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот