Фатен со торба пари! Пејачот Боби Павловски заврши во самица! (ВИДЕО)

Фото: Промо

По одличните „Метар дана“ и „Тамо негде“ Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството.

Хитовската композиција со модерен призвук и која лесно влегува во уво е со наслов „Самица“ и е работена со екипа од соседството.

Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на „Tropical Lifeisfun“.

Кадрите се снимени во Белград, а покрај Боби во крими приказната се појавуваат уште неколку интересни лика. Во видеото Боби завршува зад решетки и во самица, има грабеж, оружје, скршено срце…

– Се надевам дека и оваа песна ќе биде прифатена од публиката како и претходните две. Овој пат имаме малку поразличен спот, кој всушност е и мини филм и сега кога го имам пред себе финалниот производ навистина ми е драго што работев со овие момци кои дадоа поинаква нишка на целата оваа приказна. Многу верувам во целиот овој проект кој почна со „Метар дана“ и драго ми е што публиката досега препозна колку се вложив себеси во сето ова“, вели Павловски, кој наскоро на јавноста ќе и го претстави и следниот проект.

Во меѓувреме, Боби е актуелен со настапите низ клубовите во земјава од кои буквално ниту еден не поминува без „Метар дана“ и „Тамо негде“.

Слушнете ја новата песна:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот