Фајон: Франција игра валкана политичка игра и сите ќе ја платиме цената

Европратеничката Тања Фајон на својот Твитер вели дека Франција игра валкана политичка игра и дека кредибилитетот на Европската Унија е поткопан затоа што на Македонија и на Албанија не им беше дадено зелено светло за почеток на пристапни преговори.

„Франција игра валкана политичка игра и се плашам дека сите ќе ја платиме цената. Ова е неприфатливо“, вели таа.

Фајон искажала разочараност што Европскиот совет пропуштил уште една можност да покаже дека проширувањето е важно и дека Унијата ги одржува ветувањата.

„Европската Унија повторно е заложник на Франција, која не разбира и продолжува да го поткопува интересот на ЕУ за Балканот“, коментира Фајон на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот