Ф1: Верстапен најдобар на трката во Бразил (ВИДЕО)

Возачот на „Ред Бул“ триумфираше на денешната Голема награда на патеката „Интерлагос“ и ја забележа третата победа во Формула 1 оваа сезона.

Макс Верстапен беше најдобар на трката во Сао Паоло (Бразил) кој ја потврди доминацијата од саботните квалификации кога ја обезбеди пол-позицијата. Тоа беше претпоследниот старт на сезоната пред трката во Абу Даби.

Второпласиран заврши членот на „Торо Росо“, Пјер Гасли (за првпат на подиумот), додека третата позиција ја освои светскиот Ф1 шампион, Луис Хамилтон на „Мерцедес“.

Британецот кој претходно имаше инцидент со Алекс Албон би можел да биде казнет со додавање на пет секунди, откако после трката призна дека тој погрешил, па двајцата пилоти се под истрага.

Прочитајте и...  Ибра: Доколку од првиот ден играв за Милан, ќе бевме шампиони!

Доколку возачот на Мерцедес биде казнет, на подиумот ќе се најде Карлос Сајнц кој трката ја започна како последен.

На петтото место заврши Кими Раиконен, следуваат Антонио Џовинаци, Даниел Рикардо, Ландо Норис, Серхио Перез, Данил Квјат.

Возачите на „Ферари“ немаа среќа, односно Шарл Леклер и Себастијан Фетел испаднаа после еден меѓусебен судир.

Последната трка ќе се вози на 1. декември на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати).

Прочитај повеќе

Суарез го испрати Еспањол во втората лига (ВИДЕО)

Слободен печат

Аталанта е неверојатна, петта победа во петтиот натпревар во паузата

Слободен печат

Ливерпул продолжува во шампионски ритам, Сити го растури Њукасл и постави неверојатен рекорд

Слободен печат

Федерер: Се ближи крајот, ќе ми недостасува тенисот

Слободен печат

Само на Пике може да му текне на натпревар да дојде со – велосипед (ВИДЕО)

Слободен печат

Елмас подобар од капитенот Пандев

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Белгискиот суд ја поништи титулата на Бриж

Слободен печат

Поминаа шест години од најголемото понижување на „кариоките“(ВИДЕО)

Слободен печат

Нов шок за навивачите на Ливерпул, и Алкантара не доаѓа на „Енфилд“?

Слободен печат

Барселона нема скршено евро во касата, а го сака двоецот од Тотенхем

Слободен печат

Ренова го презентира засилувањето од БиХ, Хушиќ

Слободен печат

И Виландер застана на страната на Ѓоковиќ: Тој не е експерт, Владата му даде дозвола

Слободен печат