Ежени Бушар уловена со дечкото на одмор (ФОТО)

Сексапилната Канаѓанка, Ежени Бушар, одамна се откажа од сериозни тениски резултати, и се повеќе е активна на социјалните мрежи и во светот на модата.

Интересно е што поразот од Севастова на УС Опен беше нејзин 12. по ред, а Бушар моментно се наоѓа на 79. место на ВТА ранг листата. Последната победа на тениски турнир ја оствари во февруари годинава на турнирот во Дубаи.

Веднаш по поразот на УС Опен, атрактивната Канаѓанка замина на одмор со своето момче, американскиот рагбист Конор Дејвис. Папараците ја уловија вљубената двојка како разменува нежности на јахта на една од егзотичните дестинации на Карибите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот