Евровизија ја призна ГРЕШКАТА – ТАМАРА е прва според жирито (ФОТО)

тамара тодевска
Принтскрин

Македонија заедно со својот претставник Тамара Тодевска се искачи едно место погоре во финалниот пласман на евровизиското шоу, иако Евросонгот заврши минатата недела. Имено, постоела грешка во гласовите на белоуското жири, која ЕБУ сега ја исправи и Тамара наместо осмото, го освои седмото место.

Станувало збор за човечка грешка, односно грешка во пресметувањето на поените.

По исправањето на грешката Македонија е на првото место според гласовите на жирото.

Тамара Тодевска се јави на социјалните мрежи и на својот Инстаграм профил напиша:

„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што ни потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите! OMG – I just found out that we actually won the jury vote and we were #7 in the finals, not #08. I am beyond happy! Thank you so much“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот