Европските аеродоми очекуваат 187 милиони патници помалку годинава поради коронавирусот

Опаѓањето на бројот на патници значи 1,32 милијарди евра изгубени проходи.

Според Меѓународниот Совет на Аеродроми за европскиот регион (АЦИ Јуроп) епидемијата на коронавирусот ќе значи опаѓање на бројот на патници за 13,5 отсто во првиот квартал од годината.

Европските аеродоми очекуваат 187 милиони патници помалку годинава поради епидемијата на Ковид-19, која според нивната оценка се „претворила во шокантни размери, без преседан за таа индустрија”.

Опаѓањето на бројот на патници значи 1,32 милијарди евра изгубени проходи.

Најтешко погодени во Европа се аеродромите во Италија, каде е воведена забрана за патување. Голем број земји им препорачаа на своите државјани да избегнуваат да патуваат во Италија.

– Она кон кое во моментов се движиме е целосен колапс на воздушната поврзаност и можност за губење на поголемиот дел од нашите приходи, изјави Оливиер Јанковец, директор на АЦИ Јуроп.

Тој, исто така, ја повика италијанската Влада да им даде итна помош на италијанските аеродроми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот