Европскиот парламент усвојува мерки против корона вирусот

Европарламентарците би требало да ја потврдат и одлуката за финансиска помош на земјите членки и земјите кои се во фаза на преговори за влез во ЕУ, а кои се сериозно погодени од вонредната ситуација во областа на јавното здравје.

На вонредна пленарна седница во Брисел, Европскиот парламент гласа за усвојување на итните процедури што ги предложи Европската комисија, а кои имаат за цел справување со корона вирусот и ублажување на социо – економските последици предизвикани од пандемијата.

Предвидено е парламентот да изгласа и одлука за финансиска помош за земјите кои се во процес на пристапување кон ЕУ и кои се погодени од заразата со вирусот КОВИД – 19. Вонредно се гласа за три предложени мерки.

Првата се однесува на помош за авиокомпаниите погодени со кризата од корона вирусот. Се гласа и за т.н Корона инвестициони иницијативи кои предвидуваат мерки за мобилизација на средства неопходни на здравствените системи на земјите членки како и за други сектори на нивните економии како одговор на пандемијата.

Европарламентарците би требало да ја потврдат и одлуката за финансиска помош на земјите членки и земјите кои се во фаза на преговори за влез во ЕУ, а кои се сериозно погодени од вонредната ситуација во областа на јавното здравје.

Со состанокот во Брисел претседава Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, кој изминатите две недели ги помина во самоизолација поради сомнеж за корона вирус. Сеоак најголем број од европските парламентарци ќе партиципираат преку интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот