ЕВРОЛИГА: Ларкин ја сруши Барселона

Ве дербито на 16. коло од Евролигата, Анадолу Ефес со 86:79 ја совлада Барселона и ја прекина серијата од три порази по ред.
По израмнетото прво полувреме, кошаркарите на Ефес во третата четвртина дојдоа до предност од 15 поени (63:48) со што беа решени дилемите околу победникот иако во финишот Барселона сериозно се закани.

Одлична партија одигра Шејн Ларкин кој во победата на својот тим учествуваше со 23 поени, 7 скока и 8 асистенции, додека Василије Мициќ постигна 17 поени. Кај Барселона најрасположен за игра беше Никола Миротиќ со 18 поени и 8 скока.

За разлика од Ларкин, одличната партија на Немања Недовиќ не беше крунисана до победа. Бекот на Панатинаикос одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата постигнувајќи 39 поени но сето тоа беше залудно бидејќи Макави со 89:81 го совлада грчкио тим. Најдобар во израелскиот тим беше Скоти Вилбекин со 22 поени.

Лидерот на табелата, ЦСКА Москва без поголеми проблеми дојде до 13. победа откако со 78:87 го совлада Лион-Вилербан како гостин. Како по обичај, прво име во ЦСКА Москва беше Мајк Џејмс со 31 поен и 6 асистенции.

Резултати:
Зенит – Црвена звезда 98:69
Анадолу Ефес – Барселона 86:79
Макаби – Панатинаикос 89:81
Лион-Вилербан – ЦСКА Москва 78:87
Реал Мадрид – Алба 91:62

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот