Евгениј Поп Ацев и Јана Костадинова најдобри на велешкиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев победи на трката на на 5.000 метри/Велес, Македонија/фото: Општина Велес

Во водите на езерото Младост во Велес се одржа осмиот пливачки маратон на кој очествуваат трисетина професионални пливачки и аматери, а триумфира најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев.

Поп Ацев триумфира на патеката долга 5.000 метри, а на второто место се најде Александар Илиевски.

На маратонската трка која се одржа на езерото Младост учествуваа триесетина пливачи/Велес, Македонија/фото: Општина Велес
Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев / Фото: Општина Велес

Во женска конкуренција триумфира Јана Костадинова.

Фото: Општина Велес

Во патеката од 2.500 метри професионални пливачи во машка конкуренција првото место го освои Сергеј Малјановски Арнаудовски, додека второто му припадна на Матеј Димитров. Во женска конкуренција триумфира Лора Крстевска.

На истата делница, но во категоријата аматери најдобри беа Дарко Поп Ацџев и Ивона Наумова. Во категоријата за деца до 11 години најдобар беше Никола Велковски, кој пливаше на патека долга 800 метри, а кај девојчињата победи Неда Стефановска.

Неда Стефановска / Фото: Општина Велес

Осмиот по ред велешки пливачки маратон се одржа со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од коронавирусот, а ниту променливото време не ги попречи љубителите на пливањето да го проследат сега веќе традиоционалниот маратон кој се одржува на езерото Младост.

Организатор на маратонот е Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“, а  техничка поддршка  дадоа општинската организација на Црвен Крст Велес и  Кајак клубот „Бабуна“ под покровителство на општина Велес. Традиционалниот пливачки маратон свечено го отвори Градоначалникот Аце Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот