ЕУ сака да го забрза создавањето лекови без согласност од сопственикот на патентот

Европската унија (ЕУ) сака да ги забрза постапките за создавање на генерички лекови без согласност на сопствениците на патенти, покажа документот на ЕУ за потегот насочен кон заобиколувањето на заштитата на правата на интелектуална сопственост во итни ситуации, јави Хина.

Таканареченото задолжително добивање на дозвола во вонредни ситуации според правилата на Светската трговска организација (СТО), може да се примени и во случајот со пандемијата на коронавирусот.

– Европската Комисија гледа на потребата да се осигури дека постојат ефикасни системи за задолжително добивање дозволи, што ќе се користат како последно средство и заштитна мрежа кога нема да успеат сите други обиди околу интелектуалната сопственост, се наведува во документот, пренесоа британските медиуми.

Оваа мерка, доколку некогаш се примени, ќе им овозможи на земјите од ЕУ да произведуваат генерички лекови без согласност на фармацевтските компании што ги развиле, иако тие ќе ги задржат правата на интелектуална сопственост.

Предлогот е дел од акцискиот план на ЕУ за интелектуална сопственост, во кој во поголема мера има за цел да ја зајакне заштитата на европските компании наспроти странските актери.

Во првите месеци од пандемијата, пратениците и активистите ја повикаа ЕУ да ги користи правилата на СТО за да добие пристап до потенцијалните вакцини и лекови за коронавирусот, претежно произведени надвор од Европа.

Европската комисија досега одбиваше да го стори тоа и постигна договор вреден повеќе милијарди евра со фармацевтски компании за обезбедување вакцини и лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот