ЕУ го повикува Бајден да ги нормализира односите меѓу Вашингтон и Брисел

Џо Бајден

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го повика новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден да дојде во посета на Брисел откако ќе стапи на должност и да ги врати во нормала трансатлантските односи, нарушени во претходните четири години, за време на актуелниот претседател, Доналд Трамп.

„Сега е време да ги здружиме силите. Во свет кој се менува, нашето партнерство ќе биде позначајно отколку било кога, за заштита на нашите граѓани и обнова на нашата економија, спречување на глобалното затоплување и создавање на побезбеден свет“, наведе Мишел во изјавата после денешниот телефонски разговор со Бајден.

Мишел додаде дека „ЕУ и САД секогаш ќе имаат поголемо влијание кога заеднички преземаат чекори“.

ЕУ често имаше изјави дека Трамп допринесува до влошување на односите меѓу двете страни, а сега се надева дека трансатлантските односи ќе можат да бидат вратени на нивото од времето на администрацијата на Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател на САД.

Брисел и Вашингтон изминатите години имаа спор околу најважните прашања, од трговија и безбедност до борба против климатските промени.

Трамп најмногу ја разочара Европа со воведување на такси на увозот на роба од ЕУ и напуштање на Парискиот договор за климата и меѓународниот нуклеарен договор на големите сили со Иран.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот