Ескобар утре доаѓа во Скопје, ќе се сретне со Пендаровски, Ковачевски и Мицкоски

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар / Фото: ЕПА

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Македонија.  тој ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Посетата на Ескобар следува откако уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија заглавија во Собранието бидејќи власта не обезбеди двотретинско мнозинство.

Пленарната седница за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот почна на 18 август.  Дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата, претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето.

Мицкоски пак, синоќа од Кичево порача дека светот и Европа прават стратегија како да се скрши ВМРО-ДПМНЕ за опозициски пратеници да гласаат за уставните измени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот