Ескалација на покривот на светот: Двете нуклеарни сили одат кон војна, по 45 години паднаа и првите жртви

epa00763759 A Chinese Army officer (L) tries to tie the barbed fences with an Indian soldier at the Nathula Pass about 14,500 feet above sea level at the Indo?China Border on Wednesday, July 5, 2006 . The trade route passes through the Himalayas at about 14,500 feet above sea level and was closed in 1962 during the India-China war. The Nathu-La mountain pass, known as the old silk route, will be opened on July 6 by India and China for trade EPA/STR

Индија и Кина се две земји со многу народ, а поседуваат и нуклеарно оружје. Често меѓусебно се обвинуваат за провокации со недозволено патролирање и преминување на другата страна од спорната граница.

Најмалку 20 индиски војници загинаа во судир со кинеската војска на границата на двете земји во Галванската долина, тврди индиската влада. Убиени се офицер и двајца војници, соопшти денеска НДТВ. Доколку тоа е точно, тоа би значело дека тоа се првите жртви во последните 45 години.

Најпрво индиските властите рекоа дека загинале тројца војници, меѓутоа подоцна тој број е зголемен бидејќи многу од повредените им подлегнале на повредите.

– Во текот на процесот на деескалација кој е во тек во Галванската долина синоќа се случи насилна пресметка со жртви. Загубата на животи на индиската страна вклучува офицер и двајца војници. Виши воени службеници од двете страни моментално се состануваат не местото за да ја смират ситуацијата, соопшти индиската влада.

Не беше јасно дали се испукани проектили или мажите настрадале во тепачка.

На кинеска страна, јавува Би Би Си, немало жртви.

Веќе со недели владеат тензии меѓу индиските и кинеските војници на неколку места долж линијата за реална контрола во источен Ладак, дел од индиски Кашмир.

Индиски војници патролираат долж кинеско – индиската граница Фото: EPA/STR

Индија и Кина се две земји со многу народ, а поседуваат и нуклеарно оружје. Често меѓусебно се обвинуваат за провокации со недозволено патролирање и преминување на другата страна од спорната граница.

На петти мај на границата во индиската сојузна држава Сиким дошло до физичка пресметка меѓу двете страни, летале камења и повредени се 250 војници. После тоа, според тврдењата од индиска страна, кинеските војници ја преминале демаркационата линија и влегле во регионот Ладак, на што индиската војска испратила засилување, вклучувајчи и воени возила и артилерија.

Од друга страна, Кина тврди дека имало жртви и меѓу нејзините војници, но не изнесе детали.

На прес конференцијата денеска, портпаролот на кинеското МНР Џао Лиџијан рече дека „индиските војници во понеделникот сериозно го прекршиле договорот и два пати ја преминале границата поради илегални активности, провоцирале и го напаѓале кинескиот персонал, што довело до сериозен физички судир меѓу двете страни.

– Повторно ја повикуваме индиската страна да го испочитува договорот и строго да ѝ нареди на својата војска да не ја преминува границата, да не предизвикува проблеми и да не презема еднострани чекори кои би можеле да ја искомплицираат ситуацијата, додаде Џао.

Ова е првпат за 45 години во судирите долж спорната граница да настрадале и луѓе.

– Ова можеби ќе ја смени ситуацијата. Ова можеби е почеток на крајот на договорот меѓу Индија и Кина кој траеше 45 години, оцени Хепимун Џејкоб, професор асистент и политички аналитичар на Универзитетот Џавахарлал Нехру во Њу Делхи, пренесува Си Ен Ен.

Три објаснувања за порастот на тензиите

Според „Форејн полиси“, можни се три објаснувања зошто се повеќе растат тензиите меѓу Кина и Индија.

Прво, пандемиајта од коронавирус можеби го забрза растечкото уверување на Пекинг дека има моќ да презема одважни акции ширум светот. Тоа исто така може да објасни зошто во овој момент се одлучи на промена на законот за национална безбедност во Хонгконг. Дури и 2008 година, кога светот се гушеше во глобална финансиска криза, Пекинг одговори со огромни стимулативни мерки и глобален заем, проширувајќи го своето влијание и моќ. Со други зборови, можно е Кина само да ја користи кризата.

Второ, кинеските упади веројатно се и одговор на долгогодишната индиска изградба на патишта и излетнички места долж самата Линија на реална контрола која ги дели двете земји, што ја подобрува поврзаноста на индискиот воен ланец на снабдување во тоа подрачје. Неодамнешните потези на Пекинг, исто така може да бидат одговор на судирот меѓу двете земји во Доклам 2017 година кога Индија ги спречи кинеските војници да градат пат.

Трето, од 1988 година Кина и Индија се согласија за одржување на мирот за да се фокусираат на својот домашен раст и стабилност. Но, пред 32 години двете земји имаа економии слични по големина и трошеа речиси исти износи за одбраната. Денеска кинескиот БДП е повеќе од пет пати поголем од индискиот, а на одбрана троши четири пати повеќе. Динамиката на одностеи целосно се промени.

Распоредување воени сили

На последните вести за пресметките, им претходеше распоредување на војска од страните на двете држави, што многумина загрижи поради можноста од судири, посебно зошто и кинеските и индиските медкуми практично објавија повици за акција.

И кинескиот претседател Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди во голема мера ја изградија јавната поддршка на национализмот и ветување за надмоќ. Тоа често се преведува како агресивна реторика, посебно пред домашната публика.

Околу што се спорат

Линијата на реална контрола т.е. моментално важечката линија на разграничување меѓу Кина и Индија се протега меѓу областа Аксај Чин, под кинеска контрола и остатокот на спорниот регион Џаму и Кашмир. Рамковната линија на разграничување е резултат на граничниот судир на двете земји во 1962 година, но Индија и Кина не се согласуваат со тоа колку точно е таа долга и каде точно се наоѓа. Кина го смета Аксај Чин за автономен дел на кинескиот регион Синкјанг, додека индиската влада смета дека тоа е дела од регионот Ладак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот