Еруптивна активност на вукланот Питон де ла Фурнез (ВИДЕО)

Иако вчера се најавуваше крај на ерупцијата, сепак во раните утрински часови лавата повторно започна да тече.

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА.

Питон де ла Фурнез, вулканот на Реунион е еден од најактивните на планетата, минатиот понеделник за прв пат во годината тој повторно избувна, објави префектурата на францускиот департман во Индискиот океан. Големата сеизмичка криза започна во 10:27 часот по полноќ по локално време (07:27 часот по полноќ во Париз) и „вулканскиот потрес, синоним за пристигнување на магмата близу до површината, (евидентиран е од околу 10:50 часот по полноќ по локално време“, соопшти префектурата.

Иако вчера се најавуваше крај на ерупцијата, сепак во раните утрински часови лавата повторно започна да тече.

Според апаратите на вулканолошката опсерваторија на Питон де ла Фурнез, изворот на овој потрес се наоѓа на источниот дел од вулканот.

Сместено во калдерата на вулканот, оваа област е целосно ненаселена. Затоа ерупцијата не претставува никаква опасност за луѓето кои живеат на овој вулкански остров и имотот.

Последното будење на Питон де ла Фурнез беше на 25 октомври 2019 година. Вулканот се врати на спиење на 27 октомври. Лавата замрзна на 250 метри од магистралниот пат 2 (РН2), единствената сообраќајна оска што се поврзува источниот со јужниот дел на брегот.

Сместен на југо-исток на Реунион, Питон де ла Форнез е еден од најактивните во светот. Тој избувна дваесет пати во текот на изминатите десет години. Во 2019 година тој имаше дури пет ерупции и истовремено е еден од најпознатите во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот