Ердоган: Повикуваме на нови напори за ставање крај на војната во Украина

Ердоган и Столтенберг на самитот на НАТО во Мадрид/Фото: EPA-EFE/J.J GUILLEN

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на интензивирање на напорите за ставање крај на војната во Украина, додавајќи дека „нема губитници” во праведен мир.

Ердоган рече дека Турција се обидува да води „урамнотежена политика” поради нејзината голема зависност од рускиот увоз на енергија.

Турција ја снабдува Украина со вооружени дронови и друго оружје, но Ердоган ужива и блиски работни односи со рускиот претседател Владимир Путин, оценуваат западните медиуми.

– Треба да ги засилиме нашите дипломатски напори за да постигнеме трајно примирје, изјави Ердоган за новинарите на крајот од самитот на НАТО.

На состанокот во Мадрид, воената алијанса предводена од САД официјално ги покани Финска и Шведска да се приклучат на блокот.

Нивните кандидатури за членство беа одложени до последен момент од страна на Ердоган, кој побара гаранции дека скандинавските земји ќе се приклучат во борбата на Турција против тероризмот кога се во прашање припадниците на Курдската работничка партија (ПКК), како и ветување дека брзо ќе ги екстрадираат осомничените.

Ердоган предупреди дека спроведувањето на договорот од 10 точки од страна на Шведска и Финска ќе одреди дали тој ќе ја проследи нивната апликација за ратификација до турскиот парламент.

– Доколку ги исполнат обврските, ќе го испратиме во парламентот, ако не ги исполнат, за тоа нема да стане ни збор, потенцираше турскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот