Ердоган повика повеќе од 80 милиони луѓе да го применат „доброволниот карантин“

Фото: EPA-EFE/STR

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган повика повеќе од 80 милиони граѓаните да го применат „доброволниот карантин“ во борбата против ширењето на коронавирусот.

Тој ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови, освен за основни и итни потребни, додека бројот на починати во земјата достигна 92 лица.

Ердоган најави и прекинување на сите меѓународни летови, пренесува „Ројтерс“.

Исто така рече дека во 30 големи турски градови ќе бидат формирани совети за пандемијата кои ќе преземаат дополнителни мерки за претпазливост, ако тоа е неопходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот