Ердоган отвора грандиозна библиотека во Претседателската палата: Ќе работи 24/7, а полиците се долги 200 километри

Фото: Профимедиа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четврток свечено ќе ја отвори Народната библиотека во Претседателската палата во Анкара, која е спој од повеќе различни градежни стилови, а за посетителите ќе биде отворена 24 часа за време на сите седум дена во неделата.

Шефот на Одделението за библиотеки при кабинетот на турскиот претседател Ајхан Туглу рече дека изградбата на Народната библиотека започнала во 2016 година. Таа зафаќа простор од 125.000 квадратни метри во кој истовремено може да престојуваат околу 5.000 посетители.

Во витрините се сместени четири милиони испечатени книги, додека во електронската форма на библиотеката има повеќе од 120 милиони објави и 550.000 е-книги. Во инвентарот на библиотеката има и бројни ретки и драгоцени примероци.

Полиците на библиотеката се долги повеќе од 201 километар, а на нив свое место најдоа примероци на книги од стотина држави и на 134 јазици, како и 120 милиони дела, колумни и извештаи.

Во срцето на библиотеката има сала со 16 столбови кои ги симболизираат турските држави низ историјата. Станува збор за простор од 3.500 квадратни метри со 224 места за седење и изложена колекција од речиси 200.000 книги.

Народната библиотека во Претседателската палата е најголемата библиотека во Турција, а со оглед на богатата колекција и услугите кои ги нуди, ќе се вброи и во редот на најпрестижните установи од овој вид во целиот свет.

Странските државјани со пасош ќе можат да купат влезници за посета и користење на услуги.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот