Епидемиолог од Риека објаснува колку долго коронавирусот се задржува во воздухот и како се шири

Кај асимптоматските случаи количината на инфекцијата е помала а со тоа и тие се помалку заразни.

Доктор Даниела Лакошељац, епидемиолог од Риека, вели дека вирусот КОВИД – 19 во воздухот може да се задржи до три часа, а на некои површини и до неколку дена. Таа додава дека корона вирусот е сензитивен на средства врз база на хлор, алкохолни препарати.

На прашањето во кои случаи заштитната маска може да помогне, вели дека доколку една маска се носи повеќе пати таа може да доведе до спротивен ефект. Но посочува дека најважна е хигиената на рацете.

Во однос на асимптоматските случаи вели дека кај нив количината вирус е помала па со тоа и нивната заразност исто така е помала.

Лицата со воспаление на белите дробови секако се изложени на поголем ризик, но доктор Лакошељац вели дека и било кое заболување претходноби го спиштило имунитетот, а тоа значи и полесен продор во организмот на инфектот.

Таа посочува и дека едно од најризичните места во кое лицата најлесно би можеле да се заразат се лифтовите и истите подобро е да се избегнуваат барем додека помине пандемијата.

Клиничката слика кај пациентите зависи од количината на инфект во организмот.

Најризична категорија се старите лица, а вирусот може да предизвика тешки компликации исто како и грипот.

Близок контакт

Од самиот почеток на пандемијата постојано се говори дека најзагрозени се постарите лица и хронично болните, но има и спротивни ситуации каде лица и на 90 годишна возраст се опоравуваат, а смртни случаи се регистрираат кај релативно млади луѓе кои немале претходни здравствени проблеми.

– Никогаш не може да знаеме каква е состојбата на имуниот систем кај заболените лица, а како ќе се развиваат симптомите зависи и од количината на инфективни честички во организмот. Доколку некое лице било премногу блиску и во подолг временски период со друго заболено лице, тогаш се очекува потешка клиничка слика.

Вирусот е непредвидлив

Епидемијата од корона вирус се појави во средина на зимата и се уште трае во пролетни услови а тоа е период во кој имуниот систем кај луѓето е послаб. По истекот на зимскиот период  кога се соочуваме со помалку свеж воздух и свеж зеленчук и овошје имунитетот е многу послаб, а тоа значи дека во овој период сме изложени и на други инфекции, истакнува Доктор Даниела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот