„Емирати Ерлајнс“ очекува враќање во нормала до 2024 година

Фото архива на СП

Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, сообраќаше на 157 дестинации во 83 земји пред да ги приземји своите авиони во март.

Претседателот на „Емирати Ерлајнс”, Тим Кларк изјави денеска дека на авиокомпанијата ќе и бидат потребни четири години за да ја обнови мрежата на летови, која е речиси уништена поради пандемијата на новиот коронавирус.

– Веројатно во текот на 2022/23 и 2023/24 година ќе знаеме дали работите во извесна мерка се вратени во нормала и тогаш ќе биде познато дали „Емирејтс” успешно работи со мрежа на летови како претходно, истакна Кларк.

Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, сообраќаше на 157 дестинации во 83 земји пред да ги приземји своите авиони во март, нудејќи оттогаш ограничени услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот