ЕМА го препорача лекот на Мерк за лица со ризик од тешка форма на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача експерименталниот лек на компанијата Мерк да се дава во рамки на првите пет дена од почетокот на симптомите на Ковид-19 на оние возрасни на кои не им треба кислородна поддршка, но се во ризик од развивање тешка форма на болеста.

Европската агенција за лекови наведува дека лекот треба да се зема два пати на ден во период од пет дена. Сепак, ЕМА советува да не се лекуваат бремени жени или жени кои планираат бременост. Исто така, лекот не се препорачува за време на доење.

„ЕМА издаде препорака за поддршка на националните власти кои би можеле да одлучат за можната рана употреба на лекот пред да биде пуштен на пазарот, во контекст на зголемените инфекции и смртни случаи од Ковид-19 во ЕУ”, соопшти европскиот регулатор.

ЕМА почна рецензија лекот на Мерк – Лагеврио минатиот месец, а денеска почна да ја прегледува документацијата за лекот на Фајзер, за евентуално да даде препораки за неговата употреба пред одобрувањето.

Европскиот регулатор, исто така, денеска дека не треба да се дои за време на лекувањето со лекот Мерк Лагеврио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот