Елмас: Сонувам да играме на Светско првенство, оваа репрезентација на Македонија може да биде успешна!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Maкедонскиот фудбалер и член на германски Лајпциг, Елиф Елмас во интервју за турската агенција „Анадолу“ зборуваше за македонскиот фудбал и истакна верба дека во иднина ќе следат нови успешни денови.

Според Елмас Македонија во овој момент е во фаза на подмладување и ќе треба време да покаже што може на интернационална сцена. Не ја криеше Елиф и својата голема желба по настапот на Европското првенство во 2021 година, да настапи и на Светско првенство.

„Сонувам да играм на Светско првенство. Свесен сум дека е тешко затоа што секогаш е тешко да најдете поголем избор квалитетни репрезентативци за Македонија која е мала држава за разлика од Турција која има 80 милиони жители. Сепак, мислам дека во иднина повторно ќе имаме добри резултати. Во оваа нова подмладена селекција имаме навистина добра атмосфера која има преспектива и свои цели од кои не сака да се откаже“, изјави Елмас.

Во минатото Елмас во 2017 година доби повик да игра за репрезентацијата, меѓутоа неговиот избор беше во Македонија.

„На натпреварот на 5. јуни во Скопје во 2017 година, Македонија играше со Турција и тој натпревар заврши 0:0. Непосредно пред тој натпревар, селекторот на турската репрезентација, Фатих Терим ми испрати повик да играм за нив, но тоа не се случи. Тогаш бев повикан од младата репрезентација на Македонија со која играв на Европското првенство во 2017 истата година дебитирав и за сениорската“, истакна Елмас.

Периодот во Наполи иако најчесто беше како замена го смета за успешен.

„Во Наполи имав успешен период, иако понекогаш бев замена. Јас бев третиот играч со најмногу асистенции веднаш зад Осимен и Кварацхелија. Ја освоив шампионската титула во Серија А на која Наполи чекаше 33 години, го освоивме и Купот на Италија. Лајпциг е тим кој им дава шанса на младите. Сега сум во период на адаптација на германскиот фудбал и сигурно е потребно малку време. Следната сезона сигурен сум дека ќе го гледате вистинскиот Елиф Елмас“, најави македонскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот