Електромобилите за разгледување на Скопје ќе се користат за одржување на парковите

Електричните автомобили кои во времето на претходната политичка гарнитура беа дел од туристичката понуда за разгледување на Скопје, Советот на Град Скопје одлучи да ги додели на користење на ЈП Паркови и зеленило.

Автомобилите ќе се користат за одржување на Градскиот парк, како и за парк шумата во Гази Баба.

На ова денес реагираше советникот од редовите на ГРОМ, Александар Трајановски, според кого давањето на електромобилите во ретро стил на ЈП Паркови и зеленило е грешка.

-Имам впечаток дека се што беше промовирано од претходната власт, за туристичка промоција на Скопје, се стопира од сегашната власт. Таков е примерот и со липицанерите кои беа туристичка атракција, а сега се повторува истото и со ретро автомобилите за разгледување на центарот на Скопје, рече Трајановски.

Тој доби поддршка од Јелена Жугиќ, која предложи, наместо електрични автомобили вработените  во Паркови и зеленило да користат велосипеди, за да стигнат од една до друга локација во парковите или парк-шумите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот