Елдина им рече „не“ на бричевите, на епилаторите, на восокот и на пинцетите и реши веќе да не ги отстранува влакната од своето тело

Instagram

Елдина Јагањац (31), учителка од Копенхаген, Данска, одбива да ги избричи мустаќите и вели дека веќе ѝ е преку глава од смешните стандарди за убавина наметнати на жените – особено кога станува збор за отстранување на влакната.

Елдина, која е по потекло од БиХ, се запрашала зошто жените мора да ги отстрануваат сите влакна од телото – од веѓите, над усните, пазувите, нозете и интимните делови, а мажите не мораат?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eldina Jaganjac (@eldina_jaganjac)

Изреволтирана, во март 2020 година им рекла „не“ на бричевите, на епилаторите, на восокот и на пинцетите и решила повеќе да не ги отстранува влакната од своето тело.

Ако мажот не се бричи и не ги кубе веѓите, никој тоа не го забележува или коментира и тоа не е ништо необично. Баш како и многу други жени, и јас научив нешто. На пример, некогаш не се чувствував пријатно кога би излегувала надвор, освен ако моите веѓи не беа исчешлани, мали и не би влегла во теретана ако нозете не ми се избричени. Сега одлучив да се сконцентрирам на задачите и целите кои морам да ги направам, а помалку на тоа како изгледам додека ги работам и дали им се допаѓам на луѓето или не, бидејќи веројатно никогаш веќе нема да ги видам, а и да ги видам не ми е гајле“, вели Елдина.

Иако вели дека добива многу негативни реакции, а некои на улица ѝ дофрлуваат да ги искубе влакната од лицето, таа вели дека не се чувствува помалку женствено.

Некои луѓе ми приоѓаа на улица велејќи ми дека тоа е „кул“, а неколкумина и ми се дереа. На почеток ми беше непријатно, ама ако некои луѓе немаат што друго да прават освен да викаат по непознати луѓе, па така нека биде. Мислам дека е тешко да се разберат родовите улоги додека сте тинејџер и додека раснете, па мислам дека тоа што жената прави нешто што се смета помалку женствено ги збунува тинејџерите па тие не можат да го сфатат тоа. Забележав дека неколку возрасни мажи „зјапаат“ во моите неизбричени нозе и во моите веѓи како да имам трета глава“, објаснува Елдина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eldina Jaganjac (@eldina_jaganjac)

За „Унилад“ Елдина исто така рекла дека тоа ѝ помага да ги филтрира потенцијалните лоши партнери. Таа вели и дека пред да ги пушти веѓите да ѝ пораснат, чувствувала дека постојат ограничени опции околу тоа како треба да изгледаат жените.

Правете го она што ви е пријатно и вистинските пријатели ќе останат покрај вас. Општеството наметна такви идеи така што жените кои имаат влакна на телото се сметаат за помалку женствени. Во многу делови на светот, жените имаат поистакната и потемна коса и влакна и се принудени да го менуваат својот изглед за да бидат поженствени. За да бидеме визуелно прифатени, треба да потрошиме повеќе пари отколку мажите, и мислам дека тоа не е фер. Треба да си го поставиме прашањето: Зошто ние како жени сметаме дека отстранувањето на влакна е важно? Има толку многу поважни работи на кои треба да се фокусираме, а тоа сигурно не се влакната“, рече Елдина за Сан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот