ЕКСПЛОЗИJА НА БОМБА ВО ЈЕМЕН: Пет војници загинале, 13 повредени

Фото: Принтскрин

Во експлозија на бомба чија мета бил воен конвој загинаа пет припадници на јеменската армија, а 13 се повредени. Поголем број од настраданите војници биле Саудијци.

– Експлозијата се случи во источната провинција Хадрамавт, која е оддалечена од територијата што ја контролираат бунтовниците Хути – изјави неименуван јеменски безбедносен извор.

Ниту една група се уште не презела одговорност за експлозијата.

Тоа е прв бомбашки напад врз саудиските сили во Хадрамавт од почетокот на војната во Јемен од 2015 година.

Денешниот напад се случи само неколку дена откако Хутите презедоа одговорност за нападите врз нафтените постројки во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот