Експлодираше автомобил-бомба во близина на границата со Турција, ИМА И МРТВИ – Слободен печат
ВестиПланета

Експлодираше автомобил-бомба во близина на границата со Турција, ИМА И МРТВИ

Според „Ројтерс“, во експлозијата е оштетена и болницата, а градот Ал Раи се наоѓа во северозападниот дел од Сирија под контрола на бунтовниците кои ги поддржува Турција.

Најмалку 10 луѓе загинаа, додека 15 се ранети во експлозија на автомобил-бомба кај една болница во сирискиот град Ал Раи, во близина на границата со Турција.

Ова го изјавија локалните официјалнилица и здравствени работници.

Според „Ројтерс“, во експлозијата е оштетена и болницата, а градот Ал Раи се наоѓа во северозападниот дел од Сирија под контрола на бунтовниците кои ги поддржува Турција.

Турската државна агенција Анадолу јави дека 12 цивили се убиени во „терористички бомбашки напад“ недалеку од границата меѓу Сирија и Турција, пренесува „Ројтерс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close