Екс преговарачот на ЕУ за Брегзит, Барние противкандидат на Макрон на изборите во Франција

Мишел Барние/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Поранешниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние објави вечерва дека ќе биде претседателски кандидат на десничарското крило против актуелниот претседател Емануел Макрон, на претседателските избори во Франција идната година.

„Во овие тешки времиња, донесов одлука и ќе останам доследен на тоа … да бидам претседател на Франција кој ги помирува, ќе ги почитува Французите и Франција“, изјави тој во интервјуто во живо на француската телевизија ТФ1.

Тој влегува како кандидат на десничарското крило, со големо искуство во политиката, меѓу другото и како и со „неверојатните“ преговори за излез на Велика Британија од Европската Унија. Во текот на овој неколкугодишен процес тој мораше да работи со „шефовите на државите и владите за да го зачува единството на сите европски земји“, пишува Гардијан.

Запрашан зошто му сврте грб на Макрон со кој блиску соработуваше при преговорите за Брегзит, рече дека „на земјата и требаат промени“.

Тој нагласи дека на Франција и е потребно „враќање на авторитетот на државата“ како и „ограничување и контрола врз имиграцијата“ но и реафирмирање на предлогот за мораториум врз имиграцијата.

Пред да стане главен преговарач за Брегзит во 2016 година Барние ја вршеше должноста ЕУ Комесар за внатрешен пазар од 2010 – 2014 година. Овој 70-годишен ветеран во француската политика вршеше повеќе врвни фунции меѓу кои и министер за надворениш работи во 90-тите години.

Тој е член на десничарските Републиканци и најистакнат од четворицата кандидати на партијата кои имаа намера да се кандидираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот