ЕК: Во вториот квартал најтежок економски пад од Втортат светска војна

Европскиот комесар задолжен за економија, Паоло Џентилони, претставувајќи ја летната економска прогноза на Европската комисија оценува дека пандемијата од Ковид – 19 ја погоди европската економија посилно отколку што се очекуваше.

Европската комисија прогнозира дека во вториот квартал годинава економијата на ЕУ ќе доживее најтежок економски пад.

Се предвидува дека БДП во Еврозоната ќе се намали за 8,7 отсто оваа година, а ќе порасне за 6,1 во 2021.

Европскиот комесар задолжен за економија, Паоло Џентилони, претставувајќи ја летната економска прогноза на Европската комисија оценува дека пандемијата од Ковид – 19 ја погоди европската економија посилно отколку што се очекуваше.

Тој додава дека патот кон опоравување на економијата во Европа, но и на цел свет, и понатаму останува несигурен првично поради новите жаришта на инфекција кои бараат повторно воведување рестриктивни мерки и мерки на затворање.

– Реалниот глобален БДП надвор од ЕУ го очекува пад од 3 отсто во првиот додека во вториот квартал ќе биде многу потешко на глобално ниво бидејќи голем број земјитогаш ги воведоа мерките на затварање, вели Џентилони.

 

 

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот