ЕФСА: Во рибните производи во половина Европа пронајдена листериа

Фото: МВР

Готови производи за јадење, главно чаден лосос, се веројатниот извор на бактеријата Листериа моноцитогенес, која беше откриена во неколку европски земји овој месец, се вели во соопштението на Европската агенција за безбедност на храна (EФСА) и Европскиот центар за Превенција и контрола на болести (EЦДЦ).

Како што објави „Агроклуб“, во периодот од 2022 до 2023 година листерија моноцитогенес е откриена во Австрија, Белгија, Италија, Германија и Холандија, каде се евидентирани 17 случаи на заболени и два смртни случаи, се посочува во извештајот. Пациентите биле претежно постари лица, според податоците што може да се следат од 2011 година. Напредните техники на молекуларна типизација ја идентификуваа варијантата на бактеријата, која беше откриена во повеќето случаи помеѓу 2022 и 2023 година. Анализата на податоците укажува на поврзаност со две институции во Литванија во истиот период, објави Политика. Утврдено е дека токму тие внесувале контаминирани рибни производи на малопродажните пазари во Германија и Италија. Во моментов не се достапни информации за дистрибуција на контаминирани производи во Австрија, Белгија и Холандија. Експертите од ЕФСА и ЕЦДЦ велат дека се потребни дополнителни тестови за да се утврди потеклото на контаминацијата.

Ова ќе им овозможи на националните власти да спроведат насочени контролни мерки и активности за ублажување. Дополнително, тие препорачуваат почитување на добрите производствени практики, хигиенските правила и ефективната контрола на температурата низ синџирот на производство, дистрибуција и складирање храна, вклучително и домаќинствата. На потрошувачите им се препорачува да ги одржуваат температурите во фрижидерот ниски за да се спречи потенцијалното ширење на бактерии како листеријата, која може да биде присутна во готовата храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот