Едноставна јапонска техника за боење јајца

Јапонската шибори техника е едноставна и мошне ефектна.

Ќе ви биде потребно следново:

– хартивчиња за филтер кафе
– сина боја
– ластичиња
– пипета или шприц
– алкохолен оцет

Подготовка:

Варените јајца завиткајте ги со хартивчиња за филтер кафе и на врвот врзете ги со ластиче. Околу јајцето можете да ставите уште неколку ластичиња во зависност каква шара саката да добиете.

Бојата растворете ја според упатството со неколку капки алкохолен оцет.

Со пипета или со шприц нанесувајте ја бојата на јајцето.

Оставете да се исуши околу еден час.

Тргнете ги ластичињата и хартијата. Ќе бидете воодушевени со шарите на јајцата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот