Една патика е готова за три минути: Швајцарската компанија го отвори првиот целосно роботизиран погон

Швајцарската компанија за патики „On“ го отвори својот прв објект за производство на иновативната патика Lacespray, која е целосно роботизирана.

„Обично околу 300 луѓе работат на едно конвенционално парче од оваа обувка“, објасни Каспар Копети, коосновач на компанијата, според Swissinfo- пишува Блиц. Со технологијата Lightspray, таа работа ја извршува еден робот, а патиката е готова за три минути, истакна тој.

Роботот прска екстремно тенка, цврста пластична нишка во спирала околу калапот за чевли врз постоечкиот ѓон, така што горниот дел од патиката се формира во една операција без никакви шевови или лепак. Роботите доаѓаат од индустриската група ABB, со која компанијата „On“ тесно соработуваше на развојот на овој процес.

Патиката може да се носи како чорап, бидејќи бесшавниот, екстремно тенок горен дел од материјалот се прилагодува директно на стапалото, без врвки. Покрај тоа, емисиите на CO2 за време на производството се намалени за 75 проценти во споредба со конвенционалните процеси. Исто така, се користат значително помалку различни материјали, што треба да го олесни процесот на рециклирање во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот