Единаесетгодишно девојче од Кочани бремено во шестиот месец

Единаесет годишно девојче е бремено во шестиот месец. Девојчето на 24 јануари е донесено во Берово од центарот за социјална работа во Кочани.

Неофицијално, таткото е 19 годишен, а случајот се води како силување.

Девојчето живеело со својата мајка, која незабележала дека ќерка ѝ е бремена, а тоа го забележале луѓе од училиштето, по што девојчето било однесено на гинеколошки преглед.

Ученичката моментално е згрижена во мал групен дом. Девојчето е во одмината бременост, шест месеци бремена.

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи вели дека нема акционен план за работа со вакви случаи и дека системот генерално затаил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот