Еден месец притвор за Косовецот кој прошверцувал лав од Албанија

Косовската полиција го уапсила А.Х. од Косово, под обвинение дека во кафез прошверцувал лав во кафез и нему му е одредена мерка притвор во траење од еден месец, јави српски Блиц.

Според приштинска Коха, станува збор за угостител кој имал ресторан во село во Косово и кој уште во ноември го шверцувал животното преку планински патишта од Албанија

Лавот четири месеци бил „најатрактивниот гостин“ во неговиот ресторан.

Косовската агенција за храна и ветеринарство соопшти дека го испитува случајот како животното стигнало на Косово, додека Здружението за заштита на животните соопшти дека лавот живеел во многу лоши услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот