Еден месец од силниот земјотрес во Албанија, експертите: Нема веќе ризик од силен удар!

Фото: ABCnews

Помина еден месец од силниот земјотрес во Албанија, каде животот го загубија 51 лице, додека илјадници други беа повредени. Во силниот земјотрес од 6.2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Драч многу луѓе ги загубија своите домови, некои згради беа срушени додека многу други беа прогласени за непогодни за живеење.

По силниот земјотрес, според се изгледа дека тлото во Албанија полека се смирува. Од тој ден, до денеска се регистрирани 2.200 потреси. Сеизмолозите велат дека не е ослободена целата енергија, но силата на земјотресите веќе не може да биде голема.

– Тектонското поместување кое го генерираше сеизмичкото движење не е стабилизирано уште, има момент на смирување, но не е ослободена целата енергија, изјави сеизмологот Реџеп Кочи.

Додека пак од друга страна географот, Ромео Ханџари, во изјава за “А2CNN“, рече дека не треба да се стравува од малите земјотреси.

– Ваквите потреси се природни во Албанија, и што почесто се случуваат толку повеќе се ослободува енергија, рече Ханџари.

Сеизмолозите во континуитет вршат мерење на магнитудата на земјотресите која е во опаѓање, иако нивниот број се уште е голем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот