Еден месец ќе им треба на кошаркарите за да ја вратат формата!?

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Се стравува дека и кошаркарите во НБА лигата нема да имаат толку многу време пред евентуалното продолжување на шампионатот.

Поради пандемијата на коронавирусот и најдобрата кошаркарска лига на светот, НБА, се наоѓа во прекин. Како што веќе беше објавено, сега и одржувањето на традиционалниот драфт е под знак прашалник кој треба да се одржи на 25 јуни.

Екипите, односно тренерите, како и самите менаџери во НБА истакнуваат дека на кошаркарите ќе им треба најмалку еден месец за да се вратат во потребната натпреварувачка форма.

Моментно спортистите се наоѓаат во карантин со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, но истовремено добиваат инструкции, програми од клубовите кои ги следат со цел физички да останат активни. Дел од играчите веќе го споделија своето размислување, со желба сезоната да заврши годинава и да се размислува за наредната, иако има и песимистички најави.

Се стравува дека и кошаркарите нема да имаат толку многу време пред евентуалното продолжување на шампионатот. Тие се сега на принудна пауза и немаат можност да работат во салите каде ги одржуваат воглавно тренинзите.

До прекинот на сезоната во Западната конференција водеше Лос Анџелес Лејкерс со учинок од 49 победи и 14 порази, а на Истокот составот на Милвоки Бакс (53-12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот