Коронавирусот ќе ги турка сите спортови до 2021 година!?

фото: твитер

Американскиот лекар Дин Винслоу има песимистичка најава и смета натпреварувањата со голем број на навивачи мораат да бидат одложени малку подолго.

Луѓето ширум светот, вклучувајќи ги и спортистите се наоѓаат во домашна изолација, карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Пандемијата на оваа опасна зараза ги одложи, прекина скоро сите спортски натпреварувања, не може со сигурност официјално да се даваат датуми за евентуално продолжување на сезоната на кое било поле.

Иако едни веруваат дека во текот на летото ќе се обезбедат условите да се вратат спортистите на терените, но има и други со песимистички најави.

Можеби и најпесимистичка проценка од почетокот на пандемијата дојде од САД, од страна на тамошниот лекар, специјалист за инфективни болести, Дин Винслоу.

Тој смета дека до почетокот на наредната 2021 година не постојат шанси да се продолжи со спортските натпреварувања, особено она најпопуларното со најголем број гледачи.

– За жал, мислам дека спортските натпреварувања со голем број на навивачи мораат да бидат одложени малку подолго од некои други активности. Жал ми е што ова го кажувам, бидејќи и јас сум голем љубител на спортот.

Доколку прерано попуштиме со мерките на контрола и заштита, би можел да дојде до нов бран на пренесување на инфекцијата на почувствителни луѓе – рече Винслоу, а пренесува кошаркарскиот портал „Eurohoops“.

Неговиот колега Џарес Еванс има слично размислување:

– Мораме да ја подготвиме јавноста за секакво сценарио. И исто така да ги подготвиме луѓето на разочарување – порача Еванс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот