Еден детаљ открива дека мажите се во поголем ризик од коронавирусот: Добро погледнете го овој дел од телото

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Мажите на кои им е подолг домалиот прст имаат помал ризик од смрт од Ковид-19, вели ново истражување.

Научниците кои проучувале 200.000 луѓе во 41 земја откриле дека стапката на смртност кај мажите била за една третина поголема во земјите каде мажите имале пократки домали прсти.

Професорот Џон Манинг од Универзитетот Свонси изјави дека ова сознание укажува дека мажите во Австралија, Нов Зеланд, Австрија и земјите од источна Азија, кои имаат подолги домали прсти имаат „биолошка предност“.

Мажите во Англија и Велс, кои имаат кратки домали прсти, сочинуваат 56 отсто од вкупниот број на смртни случаи.

Големината на домалиот прст е поврзана со количината на тестостерон која мажот ја добива додека е во матката. Што повеќе тестостерон – толку поголем домал прст.

Освен тоа, хормоните можат да произведат повеќе единици наречени АЦЕ2, кои помагаат на телото да се бори против вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот