ЕЦДЦ: Клучот е во брза детекција на коронавирусот

Здравствен работник зема брисови за ковид-19/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Европскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) проценува дека нефармаколошките мерки, како што е физичката дистанца, хигиената и употребата на маски за лице, се покажале како ефикасни во намалување и контрола на изложеноста на коронавирус, објавува грчки Ефсин.

Фокусирањето на интензивирано тестирање и следење на контактите, подобрување на надзорот над јавното здравство, овозможување на подобар пристап до лична заштитна опрема и лекови како и соодветни здравствени капацитети, се наведени во препораките на Европската комисија уште во јули кои пак ги ревидираше по 12. пат Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.

ЕЦДЦ: Пандемијата е далеку од завршена

Според последниот извештај кој вклучува податоци од септември, нефармаколошките интервенции како одржување физичка дистанца, хигиена и носење маски на лице, се покажале како доволни за намалување или контрола на изложеноста. Се наведува дека бројот на случаи на новозаболени варира меѓу земјите.

Додека во некои земји зголемувањето е најмногу меѓу помладите лица ( возраст од 15 до 49 години) кои се главно со лесни симптоми или асимптоматски, во други земји зголемениот број случаи води кон смртност кај постарата популација. Сегашната епидемиолошка ситуација, според извештајот претставува значителен ризик за високоризичните групи и здравствените работници поради што мора да се воведат итни мерки во системот на јавно здравство.

Она што мора да се таргетира според ЕЦДЦ се токму ранливите поединци и здравствните работници. Од мерките за заштита кои се препорачуваат, освен нефармаколошките интервенции се и страгегиите за следење на контактите на заболените, карантински мерки, соодветни информации за ризиците и мерки за заштита на менталното здравје.

ЕЦДЦ исто така презентира и насоки за интервенција при различни епидемиолошки сценарија. Насоките се со цел да се отстранат потенцијалните бариери во спроведувањето на ефективните нефармаколошките интервенции.

„Соочени сме со загрижувачки пораст на случаи на ковид-19 во Европа денеска. Се додека не се најде безбедна и ефикасна вакцина, брзото откривање, тестирањето и карантин за високоризичните контакти се најефикасни мерки за намалувањет на трансмисијата“, вели Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

„Одговорност е на сите да ги следите неопходните мерки за лична заштита, како што е одржување дистанца, хигиена и останување дома кога сте настинати. Пандемијата е далеку од завршена и не смееме да се опуштаме“, смета Амон.

(Извор: Ефсин, Грција)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот