ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули

Фото ЕПА

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија.

– Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа.

Во блиска иднина, малку е веројатно дека централната банка ќе може со сигурност да каже дека каматните стапки го достигнале врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот