Џон Бон Џови откри детали од венчавката на син му: „Мили Боби Браун изгледаше прекрасно!“

Џон Бон Џови / Мили Боби Браун и Џејк Бонџови / Фото: EPA

Легендарниот рок пејач Џон Бон Џови гостуваше во емисијата „The One Show“ на „Би-би-си“ и откри како било на свадбата на неговиот син Џејк Бонџови и актерката Мили Боби Браун, која се одржа на почетокот на овој месец.

„Тоа беше многу мала, семејна венчавка. Невестата изгледаше прекрасно, а Џејк не можеше да биде посреќен“, изјави пејачот, а пренесе „Пејџ сикс“.

Оваа млада двојка сега е легално во брак, а поголема церемонија треба да се одржи во Америка кон крајот на оваа година.

Џејк Бонџови и Мили Боби Браун на доделувањето на наградите БАФТА во 2022 година / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Медиумските објави за свадбата на моделот и актерката се појавија минатиот петок, а блиски извори открија дека присуствувало само најтесното семејство. Во првото појавување по венчавката, кое беше истиот ден, фотографите го фатија парот и им честитаа, за што актерката се заблагодари.

Да потсетиме, Џејк Бонџови и Мили Боби Браун ја започнаа нивната љубовна врска во 2021 година, а две години подоцна се верија.

Рокерот ја поддржал нивната врска уште од самиот почеток затоа што, како што пренесува „Пејџ сикс“, тој ја запознал Браун и сфатил дека таа и неговиот син функционираат одлично како пар.

ФОТО | „Ти сѐ уште си дете“: Мили Боби Браун се сврши со синот на Џон Бон Џови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот