Џафери во чест на Рамазан Бајрам: Да продолжиме по вистинскиот пат и да напредуваме заедно!

Талат Џафери/слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати честитка за празникот Рамазан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед.

Посакувам Рамазан Бајрам да донесе здравје, мир, благосостојба и хармонија во душата, во семејството, во државата. Тоа е празник што ги обединува семејствата, блиските, пријателите, соседите низ векови, пренесувајќи ја вредносната порака дека само заедничката среќа носи вистинска среќа. Тоа е празник кој поттикнува солидарност и духовна сила кај луѓето за меѓусебна почит, за трпение и разбирање, како единствен пат кон посакуваниот мир. Затоа, да правиме добри дела, да бидеме секогаш еден до друг и со подадена рака еден кон друг да напредуваме сите заедно. Посакувам добро здравје и сила за вршење на благородната мисија што ја имате, да ги упатите на прав и чесен пат припадниците на исламската вера. А ние, како политичари, уште посилно ќе го поддржиме градењето на нашата заедничка држава, исполнувајќи ги правата и обврските на секоја заедница, за продолжување на успешната приказна на мултиетничка држава во регионот, којашто во ова време на глобалните предизвици се покажа како исклучително неопходна за семејството на европски држави. И верувам дека ќе продолжиме така кон вистинскиот пат. Честит Рамазан Бајрам!”, напиша премиерот Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот