Две улици во Карпош 3 ќе добијат нова атмосферска канализација

Општина Карпош утре започнува со активности за изведба на нова атмосферска канализација на улиците Пелистерска и Радика во урбаната заедница Карпош 3.

Со интервенцијата ќе биде заменета постоечката атмосферска канализација на дел од овие улици поради често поплавување – објаснуваат од Општината од каде ги замолуваат граѓаните кои живеат на овие улици за разбирање заради градежните активности кои таму ќе се одвиваат и кои ќе го попречат нормалното одвивање на сообраќајот.

Од Карпош информираа и дека во текот на изминатите денови се „закрпени“ ударни дупки на повеќе улици во урбаните заедници Владо Тасевски и Кузман Јосифовски Питу. Покрај тоа,  службите и механизацијата кои ги ангажирала локалната самоуправа извршиле санација и на шест пропаднати шахти во урбаната заедница Владо Тасевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот